Лого на НВ Аксес каде што пишува Empowering lives through non-visual access to technology.

Претходната недела, новата верзија на НВДА 2021.2 беше официјално пуштена за користење од страна на сите корисници на овој читач на екран. Покрај тоа што овој апдејт го поддржува новиот Виндоус 11 оперативен систем, уште поважно за нас е тоа што вклучува нови преведени симболи на македонски јазик коишто волонтерски се преведени од нашите членови. Исто така, оваа верзија содржи поправки на знакот за апостроф за да се овозможи правилно изговарање на „темниот глас“ познат како шва.

 

Доколку го користите новиот синтетизиран глас, Кико, ќе забележите дека во новиот апдејт, Зборовите како к’смет, ‘рѓа, ‘ржан леб, отсега ќе бидат правилно изговорени.

 

Доколку НВДА читачот на екран е инсталиран на вашиот компјутер, за да ја преземете новата верзија, следете ги следните чекори:

 

  1. Стартувајте го читачот на екран НВДА.
  2. Притиснете Инсерт + N за да го отворите главното мени на НВДА.
  3. Изберете Помош.
  4. Притиснете ентер на Провери за нови ажурирања.
  5. Согласете се дека сакате да ја инсталирате новата верзија и почекајте да заврши инсталацијата.

 

Доколку НВДА не е инсталирана на вашиот компјутер, а сте во потрага по инструкции за инсталација, прочитајте го нашиот туторијал, НВДА: Инсталирање.