Од 15.11.2020 година, започнува рокот за поднесување на документи за годишните билети од ЈСП превоз, кои треба да ги доставите најдоцна до 15.12.2020 година.Поради зголемениот број на заболени од covid 19, со тенденција за пораст на новозаразени (напоменуваме дека нашите членови спаѓаат во групата на ризична категорија) и неисклучувајќи ја можноста за воведување на полициски час, аплицирањето ќе биде по електронски пат на следниот мејл;
НАПОМЕНА
Документите треба јасно да се читаат а аплицирањето ќе биде успешно спроведено доколку добиете повратен мејл со зборот-
ПРИМЕНО.
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
Стари членови;
Нема потреба од доставување на документи, списокот од членови кои имале сободни карти за ЈСП за 2020 година, ќе биде испратен во собрание на Град Скопје, од наша страна.
Нови членови;
– копија од лична карта
– решение, наод и мислење за степен и вид на оштетување на видот(издадено од надлежен државен орган) или специјалистички извештај
– документ за статусот; индекс, потврда за работен однос или потврда за невработеност, решение за стекнување право на инвалидска или трудова пензија
– телефон за контакт
За ученици вклучени во редовниот процес на средно образование-билетите им се субвенционирани од страна на Министерството за образование и истите не добиваат повластен билет од страна на Програмата за користење на повластен јавен градски превоз на подрачјето на град Скопје, од страна на лицата со попреченост за 2021 година.
Напомена
Доколку некој има потреба да дојде во здружение задолжително треба да се јави на телефон 023214988 или 075289688, за да се избегнат поголеми гужви и задржувања а се со цел да се запазат протоколите во услови на covid 19