Лого на ЈП Градски паркинг - Скопје

Градски Паркинг Скопје во текот на месец ноември 2020 година прибира документација од лица со попреченост согласно позитивните законски прописи за изготување/ослобоување од наплата на паркинг за возила на лица со попреченост во 2021 година.
Задолжителните документи согласно нивниот интернет портал: www.gradskiparking.com.mk

5. КАТЕГОРИЈА ЛИЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

  • Важечка лична карта- на увид
  • Копија од сообраќајна дозвола
  • ПИОМ Решение за степен на телесно оштетување- на увид
  • Лекарски наод од специјалист- на увид
  • Потврда од матичен лекар за точно наведената дијагноза- оригинал
  • Членска книшка од здружение за телесно инвалидизирани лица- на увид
  • Пополнет образец Барање- Договор (ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДВОСТРАНО ПЕЧАТЕЊЕ!)

Потребните документи можете да ги прикачите и испратите на е- адресата [email protected]

Лицата посебни потреби со утврдена дијагноза односно дистрофија, дијализа, церебрална парализа, параплегија, хемиплегија, квадриплегија, детска парализа (полиомиелитис), мултиплекс склероза и ампутација на рака или нога со признато телесно оштетување од 80% утврдено со акт на надлежната комисија во фондот на ПИОМ, слепи лица со оштетување на видот над 90%, се стекнуваат со бесплатна Картичката за користење на јавните паркиралишта и јавните површини наменети за паркирање со кои стопанисува претпријатието.

За сите останати кои веќе имате годишни повластени картици Потребно е да пополните барање, потоврда од матичен лекар со точно наведена дијагноза (не постара од 1 месец) и наод и мислење со процент на слепило.

Образецот за Барање – Договор можете да ги симнете во PDF формат на следниот линк:

барање ЛПП 2021