По повод светскиот ден на крводарителството,а воедно и 70 години од постоењето на Националниот Сојуз на Слепи на Република Македонија, Здружението на слепи лица на град Неготино заедно со Црвен Крст на Општина Неготино,организираа крводарителска акција која се одржа на ден 17.03.2016г.(четврток)во големата Сала на Собранието на Општина Неготино. На оваа акција присуствуваа неколку наши членови,а исто така присуствуваа и нашите пријатели од Евангелска Црква кои секогаш се со нас – за нас. Претседателот на Здружението на слепи лица на град Неготино на секој посетител им подаруваше рекламен материјал,а воедно и им се заблагодари за посетеноста на оваа акција.

Оваа крводарителска акција е за пофалба односно може да се каже дека е една од најголемите акции на која присутноста беше доста голема односно имаше над 60 посетители. Крводарителската акција беше успешно реализирана.