По повод 17-ти Март – денот на крводарителите, Здружението на слепи лица – Тетово во соработка со Црвениот крст во Тетово и одделението за трансфузиологија, организиравме крводарителска акција, беше организирано во одделението на трансфузиологија и од нашите членови имаше двајца пријавено доброволно за дарување на крв кои претходно беа прегледани од лекар заради нивната здравствена состојба. Се надевам дека ќе продолжи нашата соработка, бидејќи оваа година прв пат ја започнавме оваа акција и ја започнавме со два члена, се надеваме дека и нашата крв која доброволно ја даруваме ќе помогне таму каде што е потребно, бидејќи тоа е и наша цел.