По минатогодишното деби на манифестацијата „Вешта жена“, нашето Здружението со претставничката Кентровска Душанка годинава повторно учествуваше на оваа манифестација со тенденција учеството да прерасне во традиција, со што ќе им се даде можност и на останатите жени-членки, да не’ претставуваат во наредните години. Со ваквите јавни настапи здружението ги промовира нашите членки како рамноравни и вредни жени со сите свои позитивни особини и способности како мајки, сопруги и домаќинки кои се грижат за своето семејство исто како и останатите жени.

Манифестацијата се одржа во хотелот „Александар Палас“. Пред многу гости и учесници нашата претставнича годинава не’ претстави на третата маса со тематска содржина на солени и благи јадења наречена „Будење на пролета“. Годинава нашата претставничка доби награда од жири комисијата за најдобра декорација на тортата. Оние пак што подоцна ја пробаа тортата во просторите на Здружението, бидејќи истата не беше продадена на лицитацијата, туку претставничката сакаше да ги почести своите поддржувачи од манифестацијата, потврдија дека тортата беше и многу вкусна. Од Здружението имаше присутни многу наши членки кој со купени билети од сопствени средства, беа да ја поддржат нашата учесничка, воедно и да се дружат со другите гости и учеснички. Добрата музика, лотаријата и хуморот проткаен низ музиката, направија пријатно да се чувствуват сите гости. Нашето Здружение донираше артикли и за лотаријата, со која  посебно се израдуваа најсреќните меѓу гостите.

На 06.03.2017 година, Здружението за сите свој членки од понежниот пол организираше прослава по повод 8-ми Март. Прославата се одржа во ресторанот „Македонска куќа“. Присутните ги поздрави и им посака пријатно дружење претседателката на комисијата за жени, г-ѓа Стефановска Барбара, потсетувајќи ги на најзаслужните жени од светот кој се избориле за одбележувањето на 8-ми Март. Стефановска, нагласи дека 8-ми Март не треба да биде празник кој само еден ден во годината треба да биде значаен за жената, туку треба да биде празник на жената како мајка, баба, сопруга, и воопшто за нејзината улога во општеството, треба да биде почитувана и останатите денови во годината. Во последните години општествената жена сама се изборува за своите права, за одредени квоти во институциите, и се докажа дека подеднакво е успешна во сите сфери како и мажите. На забавата имаше музичката група која ги забавуваше со репертоар кој ги погоди сите музички вкусови од присутните. Вкусната вечера, симболичните подароци, поделени од здружението, нашите членови од КУД „Билјана“ кој заедно со музиката пееја и ги веселеа присутните направија уште една незаборавна вечер за сите 78 присутни на прославата.