Националниот сојуз на слепите на Република Македонија како национална инвалидска организација која е единствен легитимен претставник на повеќе од 2570 слепи и слабовидни лица во Република Северна Македонија пред присутните гости од организации, владини институции, граѓани на оваа држава, активисти за човекови права со заеднички сили и здружени, обединети за што подобро утре на лицата со оштетен вид.

На 10 декември Меѓународниот ден на човековите права, Националниот сојуз на слепите на Република Македонија,претставувајќи 2570 слепи и слабовидни лица,  се приклучува на заедницата за зголемување на свеста за денот на човековите права.

Овој ден се одбележува секој 10ти декември уште од 1948 година кога на Генералното Собрание на Организацијата на Обединетите Нации е усвоена Универзалната декларација за човекови права.

На овој ден промовираме еднакви можности за сите, промовираме и се залагаме за целосна партиципација и активно учество на слепите лица во сите опшествени активности, еднакви можности, и еднаква заштита на човековите права на слепите лица во социјален, општествен, економски, политички и културен живот како и да се осигураме дека нашиот глас ќе биде слушнат насекаде.

По повод овој ден ја одржавме согласно Годишната програма за работа музичката манифестација од натпреварувачки карактер МУЗИЧКИ СМОТРИ 2019 на која слепи инструменталисти и вокални солисти  се натпреваруваатво изведби на традиционална македонски песни но и новокомпонирани мелодии.

Оваа музичка манифестација е дел од збогатување на културниот живот на слепите лица, пред се да и покажеме на јавноста дека слепилото не е бариера за одлични вокални способности.

Влезот за сите посетители беше слободен.По повод оваа музичка манифестација од традиционален карактер Националниот сојуз на слепите на Република Македонија во периодот од 23.05.2019 година до 25.07.2019 година имаше распишано конкурс за избор на композиции за учество на музичката манифестација Музички смотри 2019.

На конкурсот пристигнаа 44 композиции, од кои интерната комисија избра 10.

7 композиции и изведувачи се натпреваруваа во категоријата на вокални солисти и 3 изведувачи се натпреваруваа во категоријата на инструменталисти.

Стручното жири во состав од докажани професионалци во својата област-музичари:Тина Алексовска, Даниел Максимов и Игор Николовски имаше полни раце работа и навистина тешка задача да ги избере најдобрите.

Во категоријата на вокални солисти наградите беа следни:

Прво место за Жанко Станков од Струмица  и песната Докторе

Второ место за Ферит Селим од Охрид и песната Голем Бекрија

Трето место за Скопјанката Снежана Видиниќ и песната Моминска клетва.

Наградата од стручното жири во категоријата на инструменталисти како ГРАН ПРИ единствена награда прво место отиде во рацете на

Џавит Асани од Дебар со Сплет од ора

Организаторот на музичката манифестација МУЗИЧКИ СМОТРИ 2019 Националниот сојуз на слепите на Република Македонија одлучи и публиката да го даде својот глас преку наградата ИЗБОР НА ПУБЛИКАТА.Истата по пребројување на сите гласови со огромна разлика од второпласираниот и припадна на Снежана Видиниќ од Скопје со песната Моминска клетва.

За наградените покрај плакета и благодарници за освоена награда следуваше и соодветен паричен износ.

На манифестацијата за додели и ЗЛАТНА ПЛАКЕТА како најголемо достигнување согласно Статутот на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија согласно претходното едногласно донесената одлука на Извршниот одбор на НССРМ за особени заслуги, придонес, и особена благдоарност во афирмација на соработката помеѓу слепите лица од Балканските земји на Претседателот на Организацијата на слепите на Софија, Република Бугарија, долгогодишниот пријател на НССРМ г-дин Асен Алтанов.

Меѓудругото на г-дин Асен Алтанов му беше доделена и реплика на Гличка Пафта од 19 век.