НССРСМ со задоволство ви ја најавува новата емисија специјализирана за лица со визуелна попреченост, која ќе се емитува на УРБАН ФМ РАДИО и ќе се реемитува на ЕСИ РАДИО. Во првата емисија гостин е Претседателот на НССРСМ господинот Жарко Селковски, а од наредните емисии ќе имаме гости од сите сфери на општеството, како и со наши членови кои ќе можат и да се јавуваат во емисиите доколку имаат прашања и предлози. Емисијата ќе се емитува секоја Среда во 19:00 часот.