Претседателот на Националниот сојуз на слепи на Република Северна Македонија, Жарко Селковски, следејќи ја својата богата програмска агенда, потпиша меморандум за соработка со градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов за отворање на првиот дневен центар за слепи лица и лица со оштетен вид во државата.
„Овој центар ќе биде прво место од ваков тип во нашата земја. Тој ќе претставува место за комуникација, соработка, дружба, подобрување на вештините и пред сѐ, врвна алатка за инклузија и промоција на потребите на нашите членови и лицата со визуелна попреченост воопшто.“ — изјавија потписниците. Градоначалникот Шилегов изрази голем интерес за идна соработка, така што се очекуваат и други проекти од овој вид во иднина. Претседателот Селковски изјави дека соработката со Градот Скопје на ова ниво многу ќе придонесе кон инклузија на слепите лица и нивна поголема експонација во општествениот живот.