Точно на денот пред стара нова година,на 13 Јануари,Здруженеито  на слепи и лица со оштетен вид Скоје, во просторите на Здружението ја организираше манивестацијата “кршење на лепче со паричка“.Традицијата во Здружението продолжи,но годинава во проширен состав,со помладата популација, односно дел од дечињата кој немаа земено новогодишни пакетчињаод Здружението.Присутните дечиња, добија  пакетчиња и од здружението на “Вешти жени,а оние дечиња што не беа присутни пакетчињата преку еден од родителите им беа испратени до училиштето.Годинава имаше најмногу присутни, како од членовите на здружението ,така и наши пријатели и соработници од вештите жени со кој прославуваме многу заеднички празници,но посебна радост ни приредија дечињата прикажувајки ги своите  рецитаторски  способности и испеани децки песнички.

Се покажа дека некој од активностите треба да се организираат со членови од различна популација,со цел претставување и следење на активностите од здружеието и учење на другарување и пријателство.Тоа, се потврди и со поделувањето на лепчето од кое паричката се падна во делот, кој се именуваше за членка која не беше физички  присутна,но најверојатно , таа во моментот со мислите била со сите нас,и затоа 2019 година ќе биде бирикетна за нашата членка Стефановска Барбара,која ќе биде кума за прославата во 2020 година.На почетокот ,пред кршењето на лепчето,претседателката на жените од здружението , Кентровска Душанка ги поздрави, и се заблагодари на присуството од сите и предложи пред, кршењето на лепчето да се каже молитвата “Оче наш“.Во текстот мора и јавно да и се заблагодариме на кумата Ѓурчиновска Валентина и нејзината преслатка Наде, кои максимално се потрудиле и подготвиле многу вкусна храна,  и на сите членки кој дадоа допринос, секоја со подготвување на солени или благи работи .Додавајки ја на крај и преубавата торта, со фондам на анимација со цртани филмови, подготвена од вештите жени трпезата изгледаше величенствено, баш како што прилега за големиот празник Василица и прослава на новата година според Јулијанскиот календар.И годинава широкиот репертоар на групата“Алтан“ кој не забавуваше придонесе за весело и пријатно расположение.

Веруваме дека ваквите манивестации Здружението ќе продолжи да  ги практикува.

Секретар,

Коцева Алтана

[Best_Wordpress_Gallery id=”306″ gal_title=”Skopje33″]