Здружение на слепите лица Кочани следејќи ги своите програмски цели на разни начини ги подобрува и планира сите животни преокупации на слепите лица . Овој пат тоа е организирање на работилница на тема ,, ИСХРАНА И ЗДРАВЈЕ,, која се одржа на ден 13.11.2016 год. во клубските простории на Мобилност Кочани. На работилницата беа присутни членови од општините Кочани ,Виница, Берово и Делчево. Предавач на работилницата беше Примариус Д – р Иван Коцев од Кочани. Тој во своето излагање истакна дека храната е најстарата врска помеѓу човекот и природата.
Со храната човекот ѓи внесува неопходните хранливи материи за задоволување на секојдневните потреби на организмот.Таа му е потребна за процесот на размножување,растот и развојот на организмот , за правилната функција на сите органи и системи, како и за задоволување на енерѓетските потреби, загревање на телото и извршување на физички и психички активности. Ако храната не е соодветна на потребите не содржи неопходни хранливи материи, или пак содржи штетни и опасни материи,тогаш таа е фактор што може да доведе до болест. Храната е и сретство со кои се лекуваат болестите.
За да организмот заздрави неопходно е да се избегнуваат непожелните супстанци или храни што во тој период можат да му наштетат на организмот,а да се зголемат елементите што ѓи јакнат заштитните сили и функционалните можности на оделни органи во организмот. Не постојат универзални намирници кои со својот состав најрационално ќе ги задоволат сите потребини состојќи, затоа за покривање на организмот со сите неопходни материи, исхраната треба да е уравнотежена и разноврсна.
Предавањето успешно се реализа, а присутните беа презадоволни од добиените одговори на нивните прашања .