Како секоја година така и оваа Градоначалникот на Општина Неготино и Општина Неготино по повод 8 ми Ноември денот на Ослободувањето на град  Неготино Здружението на слепи лица на град Неготино организира турнир во игрите на ГОЛ БАЛ кој  се одржа  на ден 06.11.2016г.(недела) со почеток од 10,00 часот во салата на Средното Општинско Училиште ,,Св. Кирил и Методиј,, каде што учествуваа екипите на Неготино како домаќин,Струмица и Куманово. На овој турнир беа доделени дипломи од страна на претставник од Општина Неготино и скромни подароци од Здружениетоза секој играч за учеството на натпреварот и за понатамошно дружење и соработка.

Претседателот на Здружението на слепи лица на град Неготино г-нот Тони Караев изрази благодарност до Градоначалникот Ванчо Апостолов  и Општина Неготино и се надева дека оваа соработка и понатаму ќе продолжи .