Националниот сојуз на слепи на Република Северна Македонија по повод 8ми март Меѓународниот ден на жената организираше изложба ВЕШТА ЖЕНА 2020.На изложбата се претставија слепи и слабловидни лица од целата територија на Република Северна Македонија.
На изложбата дамите изложуваа ракотворби, рачни изработки на плетени и везени производи, декупаж, хартиени изработки, готвени производи.
Изложбата се одржа во Домот на хуманитарните организации на Македонија ДАРЕ ЏАМБАЗ во Скопје на 07.03.2020 година и на истата беа изложени изработки на повеќе од 30 жени од целата територија на Република Северна Македонија,
За изложбата беше оформена жири комисија од видни сеулчни лица-надворешни соработници и пријатели на Национален сојуз на слепи на Република Северна Македонија.
Жири Комисијата по полгата дискусија и по обавените интервјуа со изложувачите ги донесе следните бодувања:
прво место за екипата од ЗСЛ Тетово за тимската работа и единството Ратка Милошеска и Лидија Дабеска за вешта жена 2020
второ место за Вешта жена 2020 за Силјава Стојанова од ЗСЛ Струмица
и бидејќи кај третото место жирите сметаше дека има две изработки кои треба да ја поделат оваа награда жирите одлучи да третото место го делат две натпреварувачки во различни рачни изработки:
Ружица Михајловска од ЗСЛОВ Скопје со рачна изработка плетено и готвено
Ванка Спасова од ЗСЛ Неготино со коледарче.
НССРСМ бидејќи е лидер во остварување на правата на лицата со попреченост воопшто вклучително и за лицата со оштетен вид за наградените дами обезбеди и соодветни награди, но и пригодни пдоароци за сите присутни натпреварувачки.
Изложбата ја отвори и со свој почесен говор им се обрати на присутните учеснички претседателот на НССРСМ г-дин Селковски Жарко кој ја искористи приликата да укаже дека ваков тип на изложба не се организира за прв пат туку дека истата како идеја ја има спроведено во минатато Г-ѓа Ружица Михајловска од Скопје уште пред многу години, но сега по подолго време повторно се организира.