Членовите од Здружението  на слепи и лица со оштетен вид-Скопје ,викендот на 14 и 15 Јули, поминаа во опуштено  заедничко дружење на дводневниот излет, кој и годинава се одржа во преубавиот хотел “Бисер“, Калиште-Струга.По желба на членовите кој, од минатата година беа презадоволни од комплетната услуга во хотелот ,условите и местоположбата на хотелот,годинава со последните средства што Здружението ги имаше на сметка,повторно се одржа на истото место.Излетот како најмасовна и најскапа, активност секоја година се планира,но реализацијата е секогаш неизвесна, затоа  што зависи од многу други услови.Голема благодарност до Собранието на град Скопје,без кој не можевме ни да замислими остварување на активноста ,кој и годинава ни помогнаа со превоз, и ни овозможија користење на три бесплатни автобуси.

Иако, не сакаме да скратуваме од ниту една планирана активност,сепак Здруженеито до одржувањето на излетот многу рацонално и со прецизна пресметка ги планира средствата.Но, ако се суди по тоа што членовите добиваат во емоции, од реализацијата на ова активност,  материјалниот трошок на Здруженито е неспоредливо помал влог од добивката на членовите ,во доживувањето на  моментите, од спојот на дружење покрај бистрата езерска вода, под сонце кое поинаку грее,преку преубавиот амбиент и комплекс вопшто создаден за уживање.Не радува фактот што после излетот ќе слушниме од членовите, за стекнување на нови пријателства,нови дружења и социјализирање на некој од нив кој до тогаш никако не сме можеле условно речено “извлечиме“ од дома,и искрено жалиме за некој од нив ,кој не ја приватија поканата.Здружението и годинава ги опвати само оние членови,кој платиле чланарина за 2018 година,како мерка за почитување на одлуките од Извршниот орган на Здружението и  соодветна партиципација во трошоците на Здружението.

Секретар,

Коцева Алтана

[Best_Wordpress_Gallery id=”266″ gal_title=”Skopje30″]