Соопштение за членовите на НССРСМ
НССРСМ со задоволство објавува дека од почетокот на 2023 година ќе продолжи со издавање на аудиомагазинот „Панорама“. Сите членови и луѓе што се заинтересирани да го слушаат овој аудиомагазин може да се претплатат самостојно со кликање на овој линк и пополнување на формуларот што ќе им се отвори, или, да се обратат во најблиското здружение на слепи лица до нив, па да побараат секретарот на здружението да го пополни овој формулар во нивно име.

Списанието ќе се доставува на домашна адреса на членот/слушателот, односно на електронската пошта на слушателот, зависно од тоа кои податоци се внесени во формуларот.

Дополнително, доколку имате материјали како песни, приказни и авторски дела кои сакате да бидат објавувани, НССРСМ со задоволство ќе ги објави во списанието. Потребно е вашите авторски творби што сакате да бидат објавени да ги испратите на електронската пошта [email protected] со назнака во насловот на пораката „За објава“.

Списанието ќе се изработува под покровителство на НССРСМ во тесна соработка со ЕСИ РАДИО и ќе биде целосно бесплатно за слушателите.