На сликата се поздравуваат премиерот Заев и претседателот на НССРСМ Жарко Селковски во друштво на министерката Шахпаска и претставничката на Ју Ен Ди Пи во РСМ

На 14 јули Премиерот Заев, во друштво на претседателот на НССРСМ Селковски и Министерката Шахпаска го промовираа првиот синтетизатор за текст во говор за лицата со оштетен вид.
„Исклучително е значајно што со апликацијата за текст во говор „Кико“, над 3000 лица со оштетен вид, за првпат добиваат функционална, современа и соодветна алатка, која во секојдневниот живот ќе им помага и овозможува поголема самостојност и тоа во сите сфери од живеењето“. — кажа Министерката.

 

На сликата се гледа министерката Шахпаска како објаснува за соработката на МТСП и НССРСМ

 

„Владата целосно ја презеде обврската, како членка на Обединетите нации, да работи постојано на имплементацијата на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост. Продолжуваме уште повеќе да работиме за надминување и на најмалите бариери во насока на обезбедување еднаков пристап до образование, вработување, здравствен, социјален и културен живот на еднаква основа, за сите граѓани“. — изјави премиерот.

 

На сликата се гледа премиерот Заев како објаснува за предностите на Аудио Читачот

 

За повеќе информации и линкови за превземање на синтетизираниот глас, посетете ја веб-страницата за гласот Кико.