Лого на Министерство за култура на Република Северна Македонија

НССРСМ ги известува своите членови дека од неодамна обезбеди 4 нови аудио книги од македонски автори, и тоа:
1. „Детства“ — Наташа Брезовска Богоевска;
2. „Сакам книга“ — Александар Кујунџиски;
3. „Кифличката Мирна“ — Оливера Ќорвезироска;
4. „Приказна за две деца“ — Наташа Брезовска Богоевска.
Издавањето на овие аудио книги финансиски е поддржано од Министерството за култура на Република Северна Македонија во рамките на Програмата за финансирање на проекти од национален интерес во културата во областа на литературата и издавачката дејност за 2023 година.