Охрид - домаќин на слепи лица од регионот

2Здружението на слепи лица Охрид во почетокот на месец јуни беше домаќин на матурантите од школото за слепи деца од Софија Бугарија. Исто така во текот на овој месец ЗСЛ Охрид беше и домаќин на гости ос Сојузот на слепи на Црна Гора ,поточно на членови на Здуженијата на слепи лица од Подгорица,Бар и Котор. 
Како добри домаќини им овозможивме посета на културно историските споменици како и просетка со брод по Охридското езеро.

Доделени 12 спортски мајци од Лајонс клубот „Кале“

2Здружението на слепи и лица со оштетен вид Скопје ,деновиве имаше,пријатна средба со претставниците на Лајонс клубот “Кале”. Покрај моралната сатисфакција и пофалбите што ги добиваме за нашата работа, тие  материјално подржуват дел од нашите активности,и културно ѓи задоволуваат апетитите на читателскиот дел од нашите членови. Последното Це-де  “Хотелски приказни” снимено со мелозвучниот глас на Г-ѓа  Снежана Липковска беше поделено во 50 примерока, и по тоа како истото се прераскажува помеѓу членовите, знаеме дека сите, што го добиле  го имат и прочитано.Задоволни сме, и од тоа што ги почитуваат нашите желби и интереси и во иднина ке се снима литература од македонски автори  интересна за поголемиот дел од нашите членови.На последната наша средба добивме  12 пара спортски  црвено-плави мајци, кои ке бидат доделени на  првата и втора екипа голбалисти. Веруваме дека ќе им донесат среќа во понатамошните натпреварувања во голбал турнирите ,и ке покажуват добри резултати .

Работилница во Кочани

Работилница во КочаниЧленови од здружението на слепите лица-Кочани на ден 02.06.2016г на покана од општинската организација на Црвен Крст - Кочани присуствуваа на работилницата на тема "Стоп за рамнодушноста-да ја поттикнеме хуманоста" која се одржа во салата на Локалната Самоуправа во Кочани. Целта на работилницата беше да се направи пресек и презентација на следниве активности за која е поставена организацијата на Црвениот Крст како што е спречување и ублажување на човековото страдање каде и да е, да го заштити животот и здравјето, да обезбеди почит и достоинство за човековото битие, особено за време на вооружени конфликти, несреќи и катастрофи, да работи на превенција на болестите и напредување на здравствена и социјална добросостојба на луѓето, да поттикне доброволно ангажирање и постојана подготвеност за давање помош, како и универзално чувство за солидарност и хуманост.

Повеќе артикли...