Еднодневна екскурзија со брод до Свети Наум

1Националниот сојуз на слепите на Република Македонија за претставниците: Државни прваци во шах како и тим лидери и капитени на тимовите кои зедоа учество на 15-та Меѓународна шаховска олимпијада за слепи и лица со оштетен вид 2017 од 27 земји учеснички, на слободниот ден согласно правилата и прописите на ИБЦА за организирање на ваков настан, организираше и спроведе еднодневна екскурзија со брод до Свети Наум.

Втор ден од Собранието на ИБЦА - Изборно Собрание

1Претставници на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија како дел од Меѓународната Браjoва Шаховска Асоцијација ИБЦА зедоа учество на Изборното Собрание на ИБЦА кое се одржа на 25.06.2017 година во сала Билјана, хотел Метропол.

На Генералното Изборно Собрание на ИБЦА учествуваа 27 земји учеснички на 15-та ИБЦА Меѓуанродна шаховска олимпијада за слепи и лица со оштетен вид 2017, како и преку интернет мрежата учество зеде и Аргентина која е дел од големото семејство на ИБЦА.

Конгрес на Меѓународната Брајова Шаховска Асоцијација ИБЦА

DSC 0589Претставници на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија и Националната спортска федерација на слепите на Македонија беа дел од  Конгресот на Меѓународната Брајова Шаховска Асоцијација ИБЦА кој се одржа во хотел Метропол во Охрид.

На Конгресот имаше дискусија за сите преземени активности на Извршниот Одбор на ИБЦА во мандатниот период 2012 - 2017 година како и за идни насоки и иден развој на Меѓуанродниот шах кај спелите и лицата со оштетен вид.

Вториот дел од Конгресот и изборниот дел на новиот Извршен одбор на ИБЦА ќе се одржи на 25.06.2017 година.

Повеќе артикли...