Одржан четворомеч во голбал

DSC01778На 27.05.2017 година Здружението на слепи и лица со оштетен вид - Скопје, го организираше четворомечот во голбал, како домаќин со екипите од Здруженијата на слепи од Прилеп, Битола и Кавадарци. За прв пат, четоворомечот се одржа во спортската сала на училиштето „Михајло Пупин“ која благодарение на Собранието на град Скопје, целосно е опремена и наменета за оваа спортска игра, дадена на користење за одржување на тренинзи и турнири на нашите членови. Иако до сега без проблеми наоѓавме сали за одржување на турнири, понатаму не сме принудени да го прилагодуваме терминот на одржувањето на турнирите со слободните места во салите на училиштата кои претежно гравитираат кон локацијата на Здружението.

Учество на Скопски маратон

1Една од поновите активности која тежнееме да стане и традиционална, набележена во програмата за работа на Здружението во 2017 година, со посебен акцент, за активирање на членовите од помладата популација и нивно вклучување во активности заедно со многу други учесници, е Скопскиот маратон. Годинава учествувавме по втор пат со 10 учесници на хуманитарната трка од 5 километри, трка за рекреативци од масовен карактер. Сите наши учесници што го поминаа стартот, успешно и во предвиденото регуларно време стигнаа до целта. Учесниците добија од организаторот маици со кои ја истрачаа патеката, и одредени ваучери од спонзорите на трката.

Работилница по прва помош во природа - Кочани

2Традиционалната соработка меѓу Општинската организација на Црвениот крст - Кочани и Здружението на слепи лица од Кочани продолжува и натаму. На 14 Maj 2017 година во место Јакимово – Виничко,  беше организирана еднодневна едукативна работилница по прва помош со показна вежба за членовите на здружението. На работилницата присуствуваа вкупно 40 членови  од здружението од наjразлична возраст. Екипата по прва помош составена од подмлаткари  активисти на Црвениот крст – Кочани, пред членовите ги демонстрираа техниките за давање на прва помош на случаи со повреди. Целта на оваа активност беше дека секој треба да знае како да спаси живот. На показната вежба членовите интерактивно беа вклучени во демонстрирање на техниките за давање на првата помош. Тоа придонесе за зголемување на нивните вештини и подигање на самодовербата да си помогнат себе си и на другите во случај на потреба.