Голбал турнир во Неготино

2Како секоја година така и оваа Градоначалникот на Општина Неготино г-нот Тони Делков и Општина Неготино по повод 8-ми Ноември денот на Ослободувањето на град Неготино, Здружението на слепи лица на град Неготино организира турнир во игрите на ГОЛ БАЛ кој се одржа на ден 07.11.2017г. (вторник) со почеток од 10,00 часот во салата на Општинското Основно Училиште „Страшо Пинџур“ Неготино каде што учествуваа екипите на Неготино како домаќин, Струмица и Кавадарци. На овој турнир беа доделени дипломи од страна на Градоначалникот на  Општина Неготино г-нот Тони Делков на кое што првото место го зема екипата на Неготино, второ екипата на Кавадарци и трето екипата на Струмица.

Градоначалникот г-нот Тони Делков изрази благодарност до екипите кои земаа учество на овој турнир и вети за понатамошна соработка со Здружението на слепи лица на град Неготино.

Одбележан 15-октомври - Светскиот ден на Белиот стап

1Здружението на слепи лица  од Кочани и Здружението на слепи лица од Штип, на покана од Сојузот на слепите лица од Благоевград - Република Бугарија, учествуваа на заедничко одбележување  на 15 Октомври – Светски ден на Белиот стап - симбол на слепиот човек. По тој повод беше организирано дефиле на бели стапчиња од Домот на Сојузот на слепите во Благоевград  до Регионалниот Историски Музеј кој исто така беше посетен.  Потоа се одржа  свечена седница на која  бевме  поздравени од градоначалникот на Благоевград, претседателот на Сојузот на слепи и претседателот на Спортската федерација за слепи. За гостите беше организиран ручек со заедничка дружба.

ДОНАЦИЈА ОД ГАУС Институтот за Здружението на слепи лица Битола

komjuteri 7ГАУС Институтот - Фондација за нови технологии, иновации и трансфер на знаeње предаде донација на Сојузот на слепи лица од Битола. Донацијата се состои од компјутерска опрема (10 лаптоп компјутери, печатач, мрежна опрема) и наменски софтвер за слепи лица (прилагоден на македонски јазик). Средствата за донацијата се обезбедени од NATO Charity Bazaar и сопствени средства на ГАУС Институтот.

На церемонијата на примопредвањето присуствуваше и Шефот на Мисијата на НАТО во Скопје, Морнаричкиот Капетан Горазд Бартол кој имаше и свое обраќање. Покрај г-нот Бартол на церемонијата се обратија и проф. д-р Игор Неделковски, Претседател на Одборот на Фондацијата ГАУС Институт и Владо Димитровски, Претседател на Сојузот на слепи лица од Битола.

Повеќе артикли...